Селото се наоѓа во западниот дел на Струшко Поле, во подножјето на источните падини на планината Јабланица, на надморска височина од 800 метри. Неговиот атар се издига на нејзиниот срт каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 820 до 980 метри. Од градот Струга, селото е оддалечено 13,5 километри, а од регионалниот пат Струга-Дебар околу 7 километри. Вевчани претставува седиште на истоимената општина и тоа е единствен случај во Македонија, само една населба да претставува засебна општина. Соседни села на Вевчани се: Подгорци на север, Октиси на југ, Велешта на исток и Горна Белица на југозапад.
Името на Вевчани потекнува од старословенскиот збор вес, кој значи село. Додавајќи наставка за демоним се добива името на селото — Весчани. Во 17. век е нарекувано и Вешчано, а во 20. век се користи името Вехчани, за конечно да се прифати официјалното денешно име Вевчани. (Дознајте повеќе...)
... дека песната „Благуњо дејче, пожаранче“ ја опева неостварената љубов на Аце Абаџијата кон познатата убавица Благуња Ѓолова (1889 - 1956), родум од гостиварско Пожаране?
... врвот на вулканот Чимборасо во Еквадор е најоддалечената точка на Земјата од нејзиното средиште?
... дека хемискиот елемент индиум (In) не е наречен по Индија, туку по бојата индиго која ја оддава при спектроскопско набљудување?